Барселона е вториот патник во финалето од “Копа дел Реј“ во кое ќе се сретне со Атлетик Билбао. Избраниците на Хозеп Гвардиола во реванш мечот ја совладаа Валенсија со 2-0 и со севкупни 3-1 се пласираа во финалето второ во низа. Головите за “блауграната“ ги постигнаа Фабрегас во првиот дел односно Чави во вториот.

Во ланското финале одиграно на “Местаља“, Барселона минимално загуби од Реал Мадрид 1-0 по продолженија, стрелец на погодокот вреден трофеј беше португалецот Кристијано Роналдо.

Мх.П.