Барселона со една нога е во 1/2 финалето од Копа Дел Реј откако на Ноу Камп со петарда го почастија второлигашот Реал Бетис. Лионел Меси постигнувајки хет трик на натпреварот со Бетис докажа дека наградата за најдобар фудбалер за 2010 не била случајна. Во вториот натпревар Виљареал и Севила ремизираа играјќи 3-3. Дилемите за патник во најдобрите четири ќе ги разрешат во реванш натпреварот.

Резултати: Барселона – Реал Бетис 5-0, Виљареал – Севила 3-3.

Двојки:

20:00 Алмерија – Депортиво Ла Коруња

22:00 Реал Мадрид – Атлетико

Мх.П.