Барселона победи со 3-1 на гостувањето кај Реал, на првото издание од Ел КЛасико сезонава.  Чави и Фабрегас погодија во вториот дел , откако првиот заврши без победник 1-1. “Кралевите“ дојдоа во предност во првата минута од мечот преку Бензема по киксот на Валдез, додека резултатот беше изедначен во 39 минута со голот на Санчез.