Бранителот на трофејот во “Ла Лига“, Барселона се намачи да го совлада Бетис, во последниот натпревар од 18-та рунда.


После десет минути игра Барса имаше предност од 2-0 со погодоците на Чави и Меси. На примените голови Бетис возврати со иста мера, Мартин и Круз го вратија резултатот на “нула“. Барселона уште еднаш додаде гас и преку Санчез го вратија водсвото а Меси со вториот гол натпреварот четврти за “блауграната“ ја потврди победата.

Резултати: Осасуна – Сантандер 0-2, Атлетико Мадрид – Виљареал 3-0, Атлетик Билбао – Леванте 3-0, Спортинг – Малага 2-1, Барселона – Бетис 4-2.

Мх.П.