Лидерот во есенскиот дел од шампионатот Борусија Дортмунд, славеше во првиот натпревар во пролетниот дел од Бундеслигата. “Милионерите“ се радуваа како гости над Баер Леверкузен на победата од 3-1. По мирните 45 минути, серијата ја отвори Гроскрауз со головите во 47 и 53 минута, додека сета работа ја заврши Гоц две минути подоцна. Почесниот гол за домаќините го постигна Кислинг десет минути пред последниот судиски свиреж.


По триумофот на Бај Арената, избраниците на Јирген Кломп се одлепија на табелата пред Новески и Мајнц за цели 16 поени.

Двојки: Волфсбург – Баерн, Вердер – Хофенхајм, Нинберг – Борусија М, Ст.Паули – Фрајбург, Штудгарт – Мајнц, Шалке – Хамбург, Ајнтрахт – Хановер, Кајзерслаутерн – Келн.

Табела : Борусија 46, Мајнц 33, Леверкузен 33, Хановер 31 , ….