“Милионерите“ уште во 8-та минута стигнаа до водство кога полскиот репрезентативец Роберт Левандовски погоди за 1-0. Предноста избраниците на Јирген Клоп ја чуваа до 44-та минута, кога Мет Хумелс им подари погодок на “кралевите“.
Аргентинецот Гонзало Игуаин ја искористи грешката на одбранбениот фудбалер, додаде до Роналдо, кој со 12-от погодок сезонава донесе егал на семафорот.