Во финалето на годинешното издание на англискиот фудбалски ФА Куп ќе се сретнат Ливерпул и Челзи.

 “Сините“ поведоа со голот на Дрогба во 43 минута, на 2:0 во 49 минута зголеми Мата, иако според сеопшто убедување на гледачите топката не ја мина гол-линијата по неговиот шут. Во 56 минута Тотенхем Хотспур преку Бејл намали на 1:2, но во завршницата лондонските „сини“ преку Рамирес во 77, Лампард во 81 и Малуда во третата минута од судиското продолжување стигнаа до убедлива победа.

Финалето на најстарото клупско натпреварување на светот ќе се одигра на 5-ти мај на англискиот фудбалски храм „Вембли