Фудбалерите на Челси им приредија уште едно разочарување на своите фанови, откако ремизираа 1-1 со Бирмингем во ФА купот.

Гостите дојдоа во предност преку Марфи, Мата не реализираше пенал, а од поголем срам тимот на Андре Виљаш-Боаш го спаси Стариџ.
Резултати : Челси – Бирмингем 1-1, Евертон – Блекбурн 2-0, Милвол – Болтон 0-2, Норич – Лестер 1-2, Сандерленд – Арсенал 2-0.