Како што пренесува хрватскиот портал „Индекс“, инцидентот се случил за време на говорот на палестинскиот претседател Махмуд Абаз. Додека тој го уверуваше светот дека е крајно време да биде признаена палестинската држава, надвор од салата се одвивала жестока тепачка. Не се знаат точните причини за инцидентот, но наводно турскиот премиер доцнел на говорот на Абаз, но обезбедувањето на ОН не ја пропуштило делегацијата на еден од влезовите во Генералното собрание, по што настанала вербална расправија со телохранителите која набрзо преминала во тепачка, а во целата таа гужва се нашол и самиот Ердоган.
Подебелиот крај во тепачката го извлекле чуварите на ОН. Еден од нив завршил во болница со набиени ребра, а ОН упатија официјално извинување до турската делегација и ги суспендираа членовите на обезбедувањето кои учествувале во инцидентот.