Фудбалерите на Црвена Ѕвезда се старо нови шампиони во српската фудбалска лига. „Црвено белите“ титулата ја осигураа со триумфот над Рад со 5-1.

Црвена Ѕвезда со најновата титула стигна до вкупно 31-та во клупската историја.

Со трофејот од српската фудбалска елита, Црвена Ѕвезда избори пласман во квалификациската фаза за влез во Лигата на Шампиони.

Неизвесност во српскиот шампионат ќе има во борбата за опстанок и за местата на табелата кои водат во Европа.

OhridNews