Поранешниот голман на Арсенал и англиската фудбалска репрезентација Дејвид Симан влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако успеа да фати топка којa паѓаше од височина од 105 метри. Партнер на Симан беше рагбистот Гевин Хенсен. Топката беше пуштана од кран, а прв ја фати Симан, кој потоа се качи на кранот и му ја пушти на својот партнер. Претходно рекордот изнесуваше 102,5 метри.

– Земјата не се гледаше, не знаев каде да ја фрлам, бидејчи Кевин изгледаше како мравка. Беше многу чудно, но добриот голман мора да е подготвен на се’ – рече Симан.

Ohridnews