Десетчлената Барселона со 3-1 го совлада дефанзивно ориентираниот спортинг Хихон. Мрежата на гостите ја затресе Иниеста во финишот на првиот дел. На стартот на вториот дел, Пике заработи црвен картон, а неколку минути подоцна Барал го изедначи резултатот.


Место да се осоколат, избраниците на Хавиер Клементе се затворија пред својот гол чекајќи егзекуција. Истата стигна во последните десет минтуи прво преку Кеита, а потоа и преку Чави.

Резултати: Гетафе – Малага 1-3, Мајорка – Осасуна 1-1, Рајо – Сантандер 4-2, Барселона – Спортинг 3-1.