Лацио потешко од очекувањата ја совлада Чезена на Олимпико со 3-2. “Небесно сините“ со 12-от триумф во сезоната го фатија “возот“ за горниот дел од табелата, и со 42 бодови се наоѓа на трета позиција.

Гостите покажаа “заби“ во првиот дела имаа водсвто од 2-0, после погодоците на Муту и Јакинта. Работите за “лацијалите“ ги отежна, Конко откако заработи црвен картон во 34-та минута од првиот дел. Надежта на Олимпико за поволен исход, ја врати Хернанес, а резултатот го изедначи Лулиќ. Комплетниот пресврт го направи Козак со третиот погодок за Лацио.

Мх.П.