Причина за пожарот во кој утрово загина 71-годишна неподвижна жена во стан на првиот кат од зграда на бул. „Туристичка“ во Охрид, најверојатно е догорче од цигара, утврдила истрагата. Пожарот го забележале соседите кои веднаш повикале помош. И покрај брзата интервенција на охридската противпожарна служба, животот на жената не можел да се спаси. 

Г.М.

Во пожар на „Туристичка“ загина жена