Актуелниот првак Борусија Дортумунд славеше значајна победа на гостувањето кај Шалке со 2-1 и широко ја отвори вратата кон одбрана на титулата во Бундеслигата. По триумфот на Баерн М минатото коло,“милионерите“ успеаа да го совладаат лутиот ривал и тоа со пресврт. Фарфан ги доведе “сините“ во предност, на 1-1 изедначи Пишчек, а конечниот пресврт го комплетираше Кел.