Освојувачот на Карлинг Купот, Бирмингем наредната сезона заедно со Блекпул и Вест Хем ќе се натпреваруваат во “Чемпион шип“ дивизијата. Вулверхемтон претрпе пораз на домашен терен, но благодарение на киксовите на ривалите обезбеди опстанок во Премиер Лигата.
Првакот Манчестер Јунајтед, Челси и Манчестер Сити се пласираат директно во Лигата на Шампиони. Четврто пласираниот Арсенал ќе игра бараж за пласман во Лигата на Шампиони. Тотенхем и второлигашот Бирмингем ќе ја преставуваат Англија во Лигата на Европа.