Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу18.30 ч. на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на бензинската пумпа „Петрол“, на излезот од градот.

Во судир на две патнички моторни возила марка „југо“ со охридски регистарски таблици, едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а уште едно е полесно повредено, информираше СВР Охрид. Тешко повредениот е пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Од силината на ударот, двете возила излетале од коловозот.


На местото на настанот увид изврши сообраќајната полиција, која го регулираше сообраќајот на фрекфентната магистрала.

OhridNews