По силната бура што ја зафати Франција загинаа две лица, а 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Еден возач загинал откако врз неговиот камион паднала голема гранка, а другото лице загинало откако врз неговиот автомобил паднало 20-метарско дрво.

На одредени места налетот на бурата достигнувала до 193 километри на час. Три млади лица се тешко повредени во западна Франција, а четири деца се полесно повредени во југозападниот град Грив при пад на покрив на училиште.

Во најголемото невреме по 1999 година илјадници семејства во Франција останаа без покрив над главата.

Поради силното невреме наречено според старогрчкиот бог „Зевс“ дел од автопатите во земјата се затворени.

OhridNews