Манчестер Јунајтед го победи градскиот ривал Манчестер Сити со 3-2 во англискиот суперкуп. До првиот трофеј сезонава “црвените ѓаволи“ стигнаа со спектауларен пресврт во вториот дел. “Граѓаните“ по првите 45 минути имаа предност од 2-0 благодарение на головите на Лескот и Џеко. На стартот на вториот дел Смајлинг намали на 2-1, а потоа контролата во свои раце ја превзеде португалецот Нани, кој со два гол, вториот длабоко во судиското надополнување го комплетираше пресвртот.