Украинската фудбалска легенда Андреј Шевченко уште еднаш ја потврди својата големина. На мечот против Металист со неговиот погодок тимот се извлече од пораз. За популарниот Шева, тоа беше 78 гол во дресот на Динамо, со што се искачи на 10 место на листата на стрелци во историјата на украинскиот фудбал. Листата ја предводи Сергеј Ребров со 123 гола.
На крајот од мечот еден од фановите на Динамо влета на теренот на “Валериј Лобановски“ стадионот, за да се поздрави со Шева, а редарите не само што не му дозволија туку се обидоа и да го приведат.
Тогаш поранешниот напаѓач на Милан, не само што ги спречи редарите, туку и му го подари својот дрес на “запалениот“ фан.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...