Во несреќа на еден балон за летање наполнет со топол воздух, кој се запали и урна на Нов Зеланд, загинаа сите 11 патници, соопшти локалната полиција.

Балонот се запалил пред да падне на една фарма во близина на местото Картертон, оддалечено околу 80 километри североисточно од Велингтон, пренесе Ројтерс.


Несреќата се случила по мирно и ведро време.

Ова е најтешката несреќа од ваков вид на Нов Зеланд, откако во 1979 година авион удри во планината Еребус, кога загинаа 257 лица, потсетува Ројтерс.


OhridNew
извор: “Макфакс“