Британскиот таблоид “The Sun”, денеска објави ексклузивно видео од евакуацијата на премиерот Тереза ​​Меј, која се случила само неколку минути по терористичкиот напад во Лондон, пренесува „Макфакс“.

На 22 март напаѓачот прво со автомобил удри во толпа на лица кои се движеа по Вестминистерскиот мост, во близина на парламентот во Лондон. Во моментов, бројот на жртвите од нападот е пет лица, а околу 40 се повредени.

Според податоците на лондонскиот весник Гардијан атентаторот се вели Халид Масуд. Тој е роден пред 52 години во југоисточната англиска грофовија Кент како Адријан Елмс. Мажот има криминално досие и поради пројавениот екстремизам бил сослушан од страна на полицијата.

OhridNews
извор. „Макфакс“