Шпанија е на нозе, Kаталонија ќе гори вечерва на Ноу Камп каде ќе се одигра првата епизода од 208-то дерби “Ел Класико“ помеѓу лутите ривали Барселона – Реал Мадрид. 


Барселона му дише во врат на најголемиот конкурент Реал Мадрид заостанувајќи само еден бод.  “Блауграната“ во дербито влегува после фантастичната победа над Алмерија со 8-0. Во воведот на сезоната Барселона се распродаде бодови на Ноу Камп, Херкулес си замина со полна капа додека Мајорка на своето конто запиша еден бод. Ланскиот дуел на стадионот на “Барса“ заврши со триумф на домаќините со 1-0. Стрелец на погодокот беше сегашаниот фудбалер на Милан,  Златан Ибрахомович.

“Кралевите“ кои го немаат почуствувано вкусот на поразот во Примера се во победничка низа од седум триумфи по ред, “Лос бланкос“ од  првата позиција на табелата ќе стартуваат во “Ел Класико“. Избраниците на португалецот Жозе Мурињо на гостувањата освоиле 14 бодови (четири победи, две реми).  Откако на клупата на Барселона седна Хозе “Пеп“ Гвардиола, Реал Мадрид нема триумф во “Ел Класико“.


“Ел Класико“ не е дерби на два фудбалери но вреди да се напомен за аргентинецот Лионел Меси и португалецот Кристијано Роналдо.

Лионел Меси во “Ел Класико“ седум пати се запишал во листата на стрелци што го прави најдобар стрелец од актерите во моментов. 


Португалецот во дресот на Реал Мадрид, Kристијано Роналдо е најдобар стрелец во Примера Дивизион со 14 погодоци. Кристијано Роналдо одигра епизодна улога во минитогодишнитре пресметки на двата клуба.

Последни пет натпревари на Ноу Камп:

1. Барселона – Реал Мадрид 1-0

2. Барселона – Реал Мадрид 2-0

3. Барселона – Реал Мадрид 0-1

4. Барселона – Реал Мадрид  3-3

5. Барселона – Реал Мадрид  1-1

Михаил Постоловски