На интернет деновиве осамнаа нови владини реклами преку кои се критикуваат лоши навики  и услуги кои негативно влијаат на туризмот. Добар дел од нив отсликуваат состојби во најголемиот туристички центар Охрид, каде и се снимени. На удар се келнерите, пазарџиите и таксистите, кои се нарекуваат ендемски видови. Во дел од спотовите се критикува бучавоста предизвикана од гласна музика, како и насилниците во дискотеките и ноќните клубови.


Кампањата наиде на силни критики во јавноста која смета дека овие спотови се потценувачки и контрапродуктивни. Критикуваше и ЛДП која обвини дека државата потрошила половина милион евра на антикампања.


Министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека се работи за таканаречен герила маркетинг, кој е модерен маркетинг, и дека  рекламите имаат ефект на привлекување внимание, како и дека ќе влијаат позитивно на граѓаните кон кои се упатени пораките во видео спотовите, кои засега можат да се видат само на Интернет.

OhridNews