Европскиот првак Интер претпре пораз и во реванш мечот од Шалке со 2-1 и со севкупни 7-3 е елиминиран од понатамошните натпреварувања во Лигата на Шампиони.

Далеку беше тимот на Леонардо од потребната игра и резултатот кој ќе ги одведеше во полуфиналето.  Живата легенда  Раул Гонзалес на истекот на првиот дел го отвори резултатот.

На 1-1 изедначи Тиаго Мота, додека големата победа за Шалке ја потврди Ховедес во 81 минута. Македонскиот интернационалец Горан Пандев одигра скромни 30 минути во елиминацијата

Шалке во полуфиналето ќе игра против Манчестер Јунајтед.

М.П.