Манчестер Јунајтед со 4:0 го торпедраше Арсенал во дерби мечот од петтата рунда од ФА Купот. Лидерот во Премиер лигата се загуби во периодот од 15-та до 38-та минута кога прими три гола. Серијата ја отвори Вејн Руни, продолжи Дарен Флечер, а на 3:0 зголеми Нани, конечните 4:0 ги постигна Дарен Флечер. Арсенал од 49-та минута остана со десет играчи, поради остриот старт на Ебоуе над Евра.

Фудбалерите на Ливерпул на свој терен загубија од второлигашот Барнсли со 2:1 во осмина финалето во Купот на ФА Купот. Ливерпул поведе со голот на Дирк Кајт во 32-та минута. Изедначувачкиот гол го постигна Стивен Фостер во 57-та минута, а во третата минута од продолжението Хауард им обезбеди пласман на Барнсли во 1/4-финалето од ова натпреварување.

Екипата на Челзи со 3: 1 го победи третолигашот Хадерсфилд, Вест Бромвич Албион со 5:0 го разби Ковентри, додека Бристол Роверс со 1:0 славеше над Саутемптон. Кардиф триумфираше со 2:0 над Вулверхемптон.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com