финалето во Лигата на Шампиони, откако шпанците на првиот натпревар на
“Бај арената“ славеа со 3-1 над германскиот Леверкузен.
Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Барселона од самиот
почетокот на мечот царуваше на теренот со препознатливата игра “тик
так“, таквата ситуација “Барса“ ја искористи во 41-та
минута, кога Санчез погоди за 1-0.
Домаќините вториот дел го отворија одлично, заигра храбро, а наградата
следуваше во 52-та минута, преку Кадлец, Леверкузен го изнедначува резултатот. Радоста на
“Бај арената“ траеше само три минути, во 55-та одново Санчез е прецизен и
носи водсвот за “блауграната“. Во финишот на мечот аргентинецот Лионел Меси со седмиот погодок во Лигата на Шампиони, донесе сигурна победа и мирен реванш на седми март на Ноу Камп.