Контроверзниот Италијанец, Марио Балотели, продолжува да биде во центарот на вниманието поради нефудбалски причини. По завршувањето на мечот од полуфиналето од ФА купот, кое Сити го доби со 1-0, Балотели налета на столбот на одбраната на Манчестер Јунајте , Рио Фердинанд, за кого неприфатливо било тоа што “Супер Марио“ победата ја прославувал со провоцирање на противничките навивачи.
– Можам да разберам да постигнете погодок и зајадувачки да се радувате на голот, но по последниот свиреж сметам дека треба да се радувате со своите навивачи, а не да ги провоцирате туѓите– напишал Фердинанд на својот Твитер профил.
Ситуацијата успеаа да ја доведат под контрола менаџерот на Сити, Роберто Манчини и неговиот помошник Дејвид Плат.
“Ѓраѓаните“ во ФА финалето ќе се сретнат со Стоук кој со 5-0 го победи Болтон. За милионерскиот тим од синиот дел од Манчестер, ова ќе биде прво финале по 30 години.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...