Во организација на активистот и јутубер Вик Какаротски, а на барање на најмладите, вчера вечер на игралиштето „Стобекс“ се одржа “офлајн час” на кој присуствуваа деца од околните населби. Тие имаа можност преку дружба и игри да одржат еден вообичаен час, воедно почитувајќи ги и мерките за заштита од коронавирусот.

Овој настан е од првично друштвен карактер, најбитна идеја ни е дружењето, социјализацијата и да ги одвоиме некако децата од компјутерите. Најбитно ми е децата да не ги расипат очите на компјутер. Исто така ова ми е барање од самите деца, значи јас ова не го измислив од нигде никаде, туку децата ми кажаа дека им фали час. Имавме еден пробен час пред една недела и овој час сега го креиравме со сите мерки за заштита од пандемијата. Има растојание и дезинфекција,со што се запазени важечките протоколи, изјави организаторот Вик Какаротски.

Од она што можевме да го забележиме, на децата им недостига социјализација и дружење, но како и возрасните тие се приморани да се навикнат на новата реалност. Оттаму ваквите креативни проекти кои ја враќаат насмевката на детските лица се добредојдени и заслужуваат чиста 10ка.

Час на другарството и љубовта во Охрид

ОhridNews

Фото: А.Момироска