Фер и коректна кампња со меѓусебено почитување. Вака петмината кандидати за градоначалник на Охрид го оценуваат досегашниот тек на предизборната кампања во однос на нивните јавни настапи и обраќања преку медиумите. Забелешки има за некоректно плакатирање, а опозицијата обвинува за наводни притисоци во јавните претпријатија. Кандидатите попладнево пиеја кафе со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Тој, исто така кампањата на кандидатите за градоначалници во Охрид ја оцени како коректна.

Членовите на ДИК денеска ја посетија Општинската изборна комисија, каде се спроведува обука на избирачките одбори.

ДИК и кандидатоте за градоначалник на заедничка маса

На 21 април во Охрид покрај претседателски ќе се одржат и предвремени локални избори.

OhridNews