Долго одекнуваа аплаузите во исполнетата голема сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ по завршувањето на најочекуваниот забавен настан во Охрид, шоуто „Зимска бајка“.

Публиката имаше можност да ужива во прекрасна изведба на празнични песни на Јован Куциноски и Емилија Маринова, придружувани од Јане Тодороски и гудачко трио.

Атмосферата на два и пол часовното шоу ја запалија извонредните шоумени Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „Two mothers brothers“, кои покрај одличниот хумор ја изненадија публиката со три вредни награди од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, Хотел и спа „Тино – Св. Стефан“ и ресторан „Св. Софија“.

Дел од ова издание на „Зимска бајка“ беше младиот и перспективен вокал Антониа Гиговска која изведе две авторски композиции, а заедно со Ѓоко Танески и публиката ги испеаја најдобрите рок класици. Тие имаа одлична поддршка од фантастичните музичари Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев и Никола Јосифоски.

За звукот и визуелните ефекти на културно – забавниот спектакл задолжени беа „Labino Sound“, а за декорот „Импакт груп“. Настанот фото и видео го документираше „Love & life Studio“ Ова издание на „Зимска бајка“ концептуално, сценски и визуелно беше поразлично од претходните изданија и постави нови, повисоки стандарди, а организаторот OhridNews веќе го најави следното издание за декември оваа година

Настанот го помогнаа Хотел Чинго – Охрид, печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол, Летра дизајн и ФТУ Охрид.

Големото шоу „Зимска бајка“ беше пролонгирано од 22 декември за 18 јануари, поради прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, кому артистите му ја посветија песната „My way“.

Фото галерија 1:

фото: Емил Јовановиќ

Фото Галерија 2:

Фото: Анамарија Момироска

OhridNews