Неодамна објавивме сторијата за охридскиот „Микеланџело“ Кадри Селман, вработен во јавното комунално претпријатие, кој ги разубавува јавните паркови во градот, на што можат да ни позавидат многу побогати и многу попознати туристички дестинации во Европа.

Кадри деновиве доби нова машинка за обликување на зеленилото, подарок од Лајoнс клубот „Лихнидос“ и „Кармен Бауцентар“. Скромниот работник со уметничка душа сега ќе може уште подобро да го обликува градското зеленило во креации кои ги топлат очите и ја галат душата.

Нов алат за мајстор Кадри за уште поубав Охрид

А, колку малку треба за нештата да бидат убави.

Г.М.