Охриѓани и гости го исполнија главниот плоштад во Охрид на дочекот на Новата 2022 година, што го организираше Локалната самоуправа.
Настанот го збогатија бројни естрадни уметници, диџеи и музички групи од Охрид, а дочекот доживеа кулминација на полноќ со огномет над Охридското Езеро.
Фото галерија:
На дочекот на градскиот плоштад во Охрид настапи и Марија Савеска, со што новогодишниот концерт за прв пат беше и инклузивен.
Присутните ги поздрави градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој на граѓаните им посака здравје и успех во Новата година. Тие, пак, речиси без исклучок посакуваат да заврши ковид пандемијата, а имаат и порака до политичарите.
Охриѓани и гостите ја пречекаа Новата 2022 под отворено небо
Г. Момироски/К. Алексиеска
Видео и фото: А. Момироска



































































