Охрид ноќеска осамна под бела покривка. Во градот наврнаа неколку сантимтри снег, кој не предизвика посериозни проблеми.
Надлежните служби навремено ги попесочија градските улици, а сообраќајот се одвива непрекинато.
Според најавите на УХМР, времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 3 степени Целзиусови.
OhridNews