Пожарот што вчера попладне ја зафати шумата во атарот на селото Вапила, охридско, се уште е активен, тврдат локалните жители. За тоа сведочат и овие фотографии и видеото направени пред еден час во близина на селото, кое не е во опасност. Голема површина од дабовата и боровата шума во овој реон е опожарена, а во огнената стихија настрадаа и многу животни.
Проблем на пожарникарите и екипите на македонски шуми кои се борат со пожарот претставува ветрот кој дува со променлив правец. Утрово тие успеаја да го стават под контрола огнот и да го заштитат селото, но пожарот кој се појавил во недостапните шумски делови ја активира противпожарната авијација која се вклучи во гаснењето на огнот.
Според прогнозите во текот на вечерта и утре ќе дува засилен ветер, а на места се очекуваат и поројни врнежи од дожд, кој сигурно би помогнал целосно да се елиминира пожарот во охридско Вапила.
Инаку синоќа и утрово непријатниот чад од големиот шумски пожар во атарот на селото Вапила, можеше да се почувствува и во Охрид.
OhridNews













