На свеченост што се одржа во Кадмо бар, OhridNews ја промовираше Годишната ревија на настани и по осми пат ги додели признанијата на најуспешните приказни во годината што изминува.
Традиционално и оваа 2021 ја завршуваме со Годишната ревија на настани, во која се поместени случувањата кои ја одбележаа годината и ги издвојуваме успешните приказни, како позитивни примери кои влеваат оптимизам во заедницата, кој толку многу ни е потребен во овие времиња. Оваа ноќ ја посветуваме на нив. – истакна на свеченоста Горан Момироски, основач и главен и одговорен уредник на OhridNews.
За посветеноста и несебичното залагање во ковид кризата, стручноста, иновативноста и пред се врвниот професионализам кој го покажува во континуитет, ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид го доби признанието „Херои на годината“.
Голема благодарност на OhridNews oд името на тимот на Кардиологија Охрид за ова признание и за поддршката изминатиот период, што бевте мост помеѓу нас и јавноста. Ние како установа кога беше пикот на пандемијата ги третиравме најкомплексните пациенти со најтешка клиничка слика и покажавме дека можеме и знаеме максимално и професионало да се справиме со најголемите предизвици и докажавме дека сме многу значајна установа за регионот. – истакна директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид Елена Ковачска Башуроска.

Голема благодарност за тоа што не препознавте како општествено одговорна компанија којашто придонесува за локалниот економски развој. Многу од она што го имавме направено нема да беше препознато и познато да немавме доверлив партнер во OhridNews кој што секогаш навремено и објективно информираше за нашите активности. – рече Виктор Дојчиновски од Костал Македонија.

Од името на сите волонтери на ПСС искажувам голема благодарност. Ова признание ни значи многу затоа што доаѓа во година кога OhridNews слави јубилеј 15 години постоење и доаѓа од медиум кој е синоним за професионалност и објективност, што значи дека и признанието кое го добиваме е објективно. – рече Антонио Додевски од планинската спасителна служба.

Ова признание ни значи многу. Се трудиме максимално она што ни е останато како аманет да го продолжиме како традиција и што ни сте ветер во грб, односно што придонесовте да бидеме она што сме денес. – изјави Јован Поп Стефанија од Ансабл „Билјана“.

Чест ми за добиеното признание и голем благодарност на OhridNews за поддршката на младите. – истакна на свеченоста Александар Ќулукоски CacaNito.

Му благодарам на OhridNews за можноста пошироката јавност да се запознае со овој нов спорт. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина. – рече Ангелоски.
На свеченоста во прекрасниот амбиент на Кадмо бар, со која Првиот информативен портал во земјава Ohridnews одбележа 15 години постоење, присуствуваа видни гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Настанот беше збогатен со настап на исклучителниот охридски бенд „Le trick“.
Печатеното издание на Годишната ревија на настани на OhridNews 2021 што излезе во издание на печатницата „Коста Абраш“, во која се поместени најзначајните настани што ја одбележаа годината што изминува, деновиве бесплатно ќе биде дистрибуирано до читателите, а во дигитална верзија може да се најде на страниците на нашиот портал.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ „Love&Life Studio“
Видео: Ѓоко Наумоски „Мега Продукција“





































