На интернационалниот полумаратон што изминатиот викенд се одржа во Париз, Франција, во конкуренција на натпреварувачи од целиот свет, учествуваше и охриѓанецот Ристе Балевски. Тој рекреативната трка им ја посвети на лицата со ретки болести, на својот Охрид и Македонија.

Полумаратонот во Париз е во должина од 21 километар и на него оваа година учествуваа 45 000 натпреварувачи. Ристе кој од Париз испрати силна хумана порака, на трката учествуваше на сопствен трошок, а поддршка во француската метропола му беше неговото семејство.


Силна порака на охриѓанецот Ристе Балевски на полумаратонот во Париз

Г.М.
фото и видео: Анастасија Балевска