Публиката во Сеул, Гангнгнеунг, како и на 20 годишното јубилејно издание на најголемиот Корејски џез спектакл, Јарасум Џез Фестивалот, го награди светски познатиот џез и фанк изведувач од Охрид, Владимир Четкар, со еуфорични овации.

Концертите на Владимир Четкар во Јужна Кореја каде тој ја делеше сцената со некои од најголемите светски џез имиња, го привлече вниманието и на националните медиуми во Кореја кои ги издвоија неговите настапи како едни од најзначајните.

Настапите на Четкар во Јужна Кореја, предизвикаа голем интерес кај тамошната јавност. Четкар постојано беше опкружен од фановите кои бараа фотографија или автограм од него.

Концертите на Четкар во Јужна Кореја се самостојни и исклучиво со негова авторска музика. На оваа турнеја тој беше придружуван од македонските музичари Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Филип Димишковски, Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.

Г.М.