Меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, најсреќен беше 27-годишниот Иван Лотески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот. Како што изјави Лотески за Водици се капи од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот.
Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици кој и годинава се одржа во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите годиниго, го следеа неколку илјади граѓани.
Светиот крст годинава во рацете на Иван Лотески
OhridNews





















