Илјадници верници синоќа и денеска го посетија манастирот во Калишта на одбележувањето на празникот на заштитничката на ова свето место Пресвета Богородица.
Утрово заедно со верниците беше поглаварот на Македонската православна црква, Митрополитот Охридски и Македонски, Неговото блаженство Г.Г. Стефан. Тој чиноначалствуваше со празничната литургија на која беше осветена вода и традиционалната погача.
Празнична атмосфера денеска имаше во сите храмови на Македонската православна црква кои беа масовно посетени од верниците.
OhridNews
видео и фото: Димитар Божиновски