Шеснаесет пливачи од шест држави, шест во женска и десет во машка конкуренција денес ja пливаат патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид во рами на 38-от Охридски пливачки маратон.



На првата контролна точка кај Љубаништа пливаат во група која ја предводи нашиот Александар Илиевски со време на минување 43:27 минути.
Организатор на маратонот е плувачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.
Наградниот фонд, како што информира организаторот, изнесува 15.000 евра.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival).
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска
Видео. Г.М.












