
Блекпул предноста од два погодоци стекната преку Кечкарт и Кембел ја прокоцкаа во последниот квартет од натпреварот. Избраниците на “стариот лисец“ во вториот дел покажаа зошто се на врвот на табелата откако нападна со сите расположени средства. Бугаринот Бербатов по асистенцијата на Флечер го намали водстово, мексиканецот “Чичарито“ ги израмни бројки на семафорот додека Бербатов со 19-от погодок во сезоната донесе големи три бода за Јунајтед.










