Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарон Гибсон кој настапува за Евертон, го сруши лидерот во Премиер Лигата, Манчестер Сити. “Карамелите“ на домашен терен триумфираа со минимални 1-0.

Поразот на “граѓаните“, избраниците на Алекс Фергусо го капитализираа со победа над Стоук на Олд Трафорд со 2-0, со што се израмнаа на табелата. Стрелци за актуелниот првак беа мексиканецот Чичарито и бугарскиот интернационалец Бербатов. Двата голови во мрежата на данскиот голман Соренсен, беа постигнати од белата точка.

Резултати : Eвертон – Мен Сити 1-0, Мен Ју – Стоук 2-0, Свонси – Челси 1-1, Тотенхем – Виган 3-1, Волфс – Ливерпул 0-3.

Табела : Мен Сити 54, Мен Ју 54, Тотенхем 49, Челси 42, Ливерпул 38. . .

Мх.П.