Милан ја победи Бреша со 1-0 на гостувањето благодарение на голот на Робињо во 81 минута од мечот. “Росонери“ на четири кола до крајот имаат предност од осум бода пред Интер, односно девет од Наполи, и само чудо може да ги спречи да не го освојат “скудетото“ 18. во својата историја.

Интер беше поуспешен од Лацио со 2-1 и го искористи киксот на Наполи кај Палермо и се искачи на втората позиција.

Ohridnews