Фантастичен натпревар одиграа Милан и Удинесе кој заврши без победник 4-4. Росонерите беа во негатива во поголемиот дел од мечот, но со голот во финишот на Ибрахимовиќ успеаа да избегнат пораз. За гостите погодија Санчез, Денис и два пати Ди Натале, додека покрај Ибра, Пато два пати ја затресе гостинската мрежа, а еден гол постигна Тиаго Силва.

Интер благодарение на “парот“ на Камбиасо ја совладаа Катанија со пресврт 2-1. Домаќините во предносо дојдоа со голот на Гомез.

Лош ден за римските калчолигаши кои претрпеа идентични 2-1 порази. Лацио дома од Лече, додека Рома на гостувањето кај Сампдорија.

Ohridnews