Над 3000 лица се евакуирани, а островот Св. Винсент е покриен со пепел, ден после големата ерупција на вулканот „Soufrière“, кој се наоѓа на карипските острови. Евакуираните лица се во приватни сместувалишта, школи и цркви.

Не чека многу работа, – рече премиерот Ралф Гонсалвес за „НБС“ радиото, додавајќи дека ситуацијата е под контрола, но дека не може ништо да се предвиди.

Првата ерупција на вулканот „Soufrière“ се случила во петокот наутро, а чад и пепел се кренал осум километри во воздух.

Потоа следувале мали ерупции, но чад и пепел од вулканот излегувале уште некој период.

Вулканот „Soufrière“ не еруптирал од 1979 година. Најголема ерупција е забележана во 1902 година кога погинале над 100 луѓе.

OhridNews