Македонскиот репрезентативец Горан Попов сезоната во Украина ја отвори со трофеј во Супер Купот откако Динамо Киев во финалето го совладаа лутиот ривал Шахјтор со 3-1.

Димано Киев преку Гусев од пенал стекна водство во 5-та минута, на 1-1 изедначи бразилецот Фернандињо. Водството за Димано го врати Диакате додека конечните 3-1 ги постави Милевски во финишот на натпреварот. Македонецот во дресот на Динамо, Горан Попов ги одигра сите 90-ет минути.

Мх.П.