Голем пожар вечерва ја зафати познатата катедрала Нотер Дам во Париз, Франција, од кој се урна  93 метри високата главна кула на најпосетуваниот историски спомеик во Европа.

Според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, пожарникарите не се сигурни дека пожарот може да биде изгаснат. Дополнителен проблем претставува и тоа што огнот не може да се гаси од воздух поради опасност да се урне целиот објект.

Во тек е акција за спасување на вредните уметнички дела.

Во пожарот никој не е повреден, но предизвикана е ненадоместлива штета на катедралата, симбол на Париз и инспирација на познатиот Виктор Иго за класиката „Ѕвонарот на Богородичната црква“.

Засега не е позната причината за пожарот, но се верува дека тој е поврзан со реновирањето на катедралата.

Пожарот на катедралата Нотер Дам е главна вест во светските медиуми, а по повод трагичниот настан вечерва се огласија голем број од светските лидери.

Г.М.