Пожар попладнево изби во стара куќа на улицата „Аргир Маринчев“ во населбата Месокастро. Неофицијално во пожарот повредено е едно лице, на кое помош му укажа екипа на Брза помош. 

На местото на настанот се екипи на противпожарната единица од Охрид кои се борат со огнот.

Чадот од опожарената куќа во Месокастро е видлив од поодалечените населби во градот.

Причините за пожарот треба да ги утврди истрагата.

Т.К./Г.М.