Видео : Гостивар ја продолжи агонијата на Охрид Лоте
21.08.11 19:29
Охрид Лоте го претрпе вториот пораз во вториот натпревар пред својата публика, трет во досегашниот тек од првенството. Со цел плен од Охрид си замина екипата на Гостивар која ги “петардираше“ “градежниците“ со 5-1.
Творец на убедливата победа беше Алиу кој со хет трик ја “искина“ мрежата на Охрид Лоте. Серијата за гостиварчани ја отвори Савески во 20-та минута од белата точка откако Трајковски го “сруши“ Јусуфи во казнетиот простор. Алиу “гол-шоуто“ го започна во 43-та минута откако со погодок ја круниса двојната комбинација на Демири и Серафимоски.
Вториот гол Алиу, трет на натпреварот го постигна по соло продорот во 50-та минута. По само три минути односно во 53-та Јусуфи излегува “очи во очи“ со истрчаниот Капрически, а играчот за врска на гостиварчани го лобува за 4-0. Печат на победата стави фудбалерот на мечот Алиу кој во 65-та минута го комплетираше хет-трикот.
Почесниот погодок за “градежниците“ го постигна Толески од белата точка во 80-та минута.
Убедливиот триумф на Гостивар над Охрид Лоте, ги лансираше на второто место на табелата со седум бодови додека “градежниците“ без бодови се заковани на дното. Во наредното 4-то коло охриѓани гостуваат кај Дрита.
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација Како федерација, со големо за...
Прволигашки засилувања за градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос Дарко Илиески доаѓа од редовите на Тиквеш Тој во својата кариера има околу 200 настапи во првата македонска фудбалска лига Искуснио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.